Во индустриските зони Речани 2 и УЗУС наскоро ќе забрефта механизацијата

Bez autora
Apr 26 2011

Кон крајот на минатата година во индустриските зони Речани 2 и УЗУС во Велес беа продадени 23 плацеви наменети за изградба на објекти од малото стопанство. Велешките стопанственици го поздравија чекорот на Владата од поранешните 700 денари за еден квадрат, да го намалат на само едно евро квадрат. Овој потег придонесе сите плацеви да бидат продадени на јавно наддавање на огласот што го распиша Министерството за транспорт и врски. И кога се очекуваше што побрзо да почне изградбата на објектите во кои по нивното пуштање егзистенција се планира да обезбедат над 250 велешани, бизнисмените непријатно беа изненадени од процедурите и бавната администрација при вадењето на потребната документација.

Во индустриските зони Речани 2 и УЗУС наскоро ќе забрефта механизацијатаКон крајот на минатата година во индустриските зони Речани 2 и УЗУС во Велес беа продадени 23 плацеви наменети за изградба на објекти од малото стопанство.

Велешките стопанственици го поздравија чекорот на Владата од поранешните 700 денари за еден квадрат, да го намалат на само едно евро квадрат. Овој потег придонесе сите плацеви да бидат продадени на јавно наддавање на огласот што го распиша Министерството за транспорт и врски. И кога се очекуваше што побрзо да почне изградбата на објектите во кои по нивното пуштање егзистенција се планира да обезбедат над 250 велешани, бизнисмените непријатно беа изненадени од процедурите и бавната администрација при вадењето на потребната документација.

- Кога ги уплатив средствата во Министерството и добив виза да ја започнам понатамошната процедура, наидов на тешкотии околу вадењето на потребната документација. Со тоа што уплатив данок на промет, практично платив тројно повисока цена од онаа што ја дадов за купување на плацот. Ако знаев дека ќе платам толкава цена и дека за вадење на потребните документи ќе ми биде потребно долго време немаше да го купам плацот - вели еден од сопствениците на плац.

Надлежните од општина Велес, пак, велат дека прават се да им овозможат на стопанствениците што поскоро да ги извадат потребните документи, да добијат дозвола и да почнат со градба на објектите. Процедурите биле такви. Морало службите од Општината најнапред да направат проценка, па идните сопственици да платат данок на промет и со тоа да го заверат плацот на свое име во Катастар.

- Откако идните сопственици ќе ги подготват сите документи на крајот треба да дојдат кај нас, за да им се направи пресметка за плаќање надомест за уредување на градежно земјиште. По ова нашите служби ја издаваат дозволата за градба - вели Сашко Ристовски, раководител на Одделението за економски развој во општина Велес.

Во Општината велат дека досега комплетна документација поднеле 15 сопственици на плацеви во индустриските зони Речани 2 и УЗУС кои во најскоро време треба да добијат дозволи за градба на објектите.

- Двете зони планираме што поскоро да заживеат. Тоа за Велес значи многу бидејќи во нив егзистенција треба да најдат над 300 невработени лица. Верувам дека службите како кај нас, така и во Катастарот, ќе направат се сопствениците што поскоро да ја добијат потребната документација - вели градоначалникот на Велес, Горан Петров.

Од продажбата на 23-те плаца Општината инкасирала над 15 милиони денари. За годинава се планира проширување на индустриската зона Речани 2 за нови 28 хектари на кои се планира продажба на плацеви со површина и до 5.000 квадратни метри, кои ќе бидат наменети за изградба на поголеми објекти. Инаку, и двете индустриски зони во Велес, во кои работат педесетина фирми и егзистенција обезбедуваат над 300 велешани, се инфраструктурно уредени со струја, вода, пат, канализација и друго.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik